Достапни линкови

Русија не се согласува со ОН за Сирија


Русија денеска соопшти дека предлог- резолуцијата на Обединетите Нации со која се осудува задушувањето на протестите во Сирија е неприфатлива. Европските земји планираа да ја стават резолуцијата на дневен ред за гласање во Советот за безбедност. Рускиот заменик министер за надворешни работи Генади Гатилов изјави дека со измените направени во последна минута е очигледно дека предлогот е неприфатлив. Но тој не соопшти дали Русија ќе стави вето на оваа драфт резолуција.
Западните земји и организации за заштита на човекови права го критикуваат Советот за безбедност затоа што досега не донесол резолуција за крвавото задушување на антивладините протести во Сирија.
XS
SM
MD
LG