Достапни линкови

НАТО нема да се меша во турската борба со курдските бунтовници


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека Алијансата нема да се меша во борбата на Турција против курдските бунтовници и ја повика Анкара да се обиде по мирен начин да најде решение за тој конфликт. Тој во интервју за турски весник изјави дека НАТО нема да се меша затоа што тоа е внатрешно прашање на Турција. Расмусен ја поздрави соработката меѓу земјите-членки на НАТО и размената на разузнавачките информации со Турција.
XS
SM
MD
LG