Достапни линкови

Грчкиот банкрот и Македонија


Протестите во Грција, секојдневие

Протестите во Грција, секојдневие

Економската криза во Грција ќе има влијание и последици и врз грчките компании кои работат во Македонија, сметаат економистите.

Турбуленциите во Грција на економски план не треба да се заобиколат, но бизнис заедницата не очекува кризата негативно да се одрази врз компаниите од нашиот јужен сосед кои работат во земјава, за разлика од економстите кои не се оптимистички расположени. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека банкротот на Грција е се поизвесен и ќе има ефект врз стабилноста на еврото и еврозоната, како и врз домашната економија.

Овие турбуленции што се моментално присутни во Грција треба да ги перцепираме и соодветно да реагираме, меѓутоа на некои негативности драматични од тој аспект мислам дека не би требало да се случат во Македонија.

Некои од најголемите банки во Македонија како Стопанска банка или Алфа банка имаат грчки капитал, што значи дека случувањата во Грција ќе имаат многу големо влијание, вели професорката Кикеркова.
x
Некои од најголемите банки во Македонија како Стопанска банка или Алфа банка имаат грчки капитал, што значи дека случувањата во Грција ќе имаат многу големо влијание, вели професорката Ќиќеркова
Митко Алексов од Сојузот на Стопански комори вели дека најпрвин треба да се има во предвид структурата на грчките компании во земјава. Состојбата на малите и средните претпријатија кои се дел од прехрабената, текстилната и други преработувачки индустрии ќе зависи од пазарот, но според него производството во Македонија е поконкуретно, отколку во нивната земја.

„Овие турбуленции што се моментално присутни во Грција треба да ги перцепираме и соодветно да реагираме, меѓутоа на некои негативности драматични од тој аспект мислам дека не би требало да се случат во Македонија. Очекувам да има и зголемување на мали и средни претпријатија кои би гледале да бидат попродуктивни, порентабилни и да намалат одредени трошоци при работењето.“

Со самото тоа, штом имате толку голем извоз и увоз од таа земја и знаете дека се значајни странски инвеститори има многу големо влијание.
Додека како ќе се одвиваат работите во големите компании зависи од нив самите, додава Алексов.

„Тука зависи од одлуката на бордовите во тие компании, зависи од стратегијата каква ќе ја одредат, дали ќе продолжат или пак ќе алоцираат дел од капиталот. Не гледаме некоја голема причина за алокација.“

Професорката Ирена Кикеркова вели дека Грција е еден од најголемите трговски партнери на Македонија и секако дека кризата нема да ги поштеди компаниите кои вложиле во нашата земја.

„Со самото тоа, штом имате толку голем извоз и увоз од таа земја и знаете дека се значајни странски инвеститори има многу големо влијание, освен тоа некои од најголемите банки на пример Стопанска банка има грчки капитал, Алфа банка исто така, значи има многу големо влијание.“

Во Македонија во моментов има околу 300 грчки компании.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG