Достапни линкови

Косово напредува кон безвизен режим со ЕУ


Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром синоќа изјави дека Косово остварило значителен напредок во преговорите со Брисел за безвизниот режим но оти е потребно уште многу да се направи.
Малмстром додаде дека луѓето кои живеат на Косово се единствените на просторот на Западен Балкан на кои им се потребни визи за влез во државите од Европската унија, откако Македонија, Србија и Црна Гора добија безвизен режим во 2009 година, а Албанија и Босна и Херцеговина една година подоцна.
Приштина се уште треба да ги добие насоките со кои ќе се прецизираат условите кои мора да бидат исполнети за луѓето од Косово да можат да патуваат без визи.
XS
SM
MD
LG