Достапни линкови

Во Охрид продолжува Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан


Во Охрид продолжува Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан, организиран од македонските министерства за внатрешни работи и за правда во соработка со полското Претседателство со ЕУ. Денешниот ден ќе биде посветен на теми од областа на правдата .Синоќа во Охрид Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ потпишаа два документи - Спогодба меѓу Владите на двете држави за условите за патување на државјаните на двете земји, односно договор за поминување на државната граница само со лична карта и Протокол за определување на подрачјето на новиот граничен премин „Голема Црцорија – Голеш“ што беше отворен пред неколку месеци.
XS
SM
MD
LG