Достапни линкови

Во Пакистан убиени 12 шиитски муслимани


Полицијата во Пакистан соопшти дека во напад на вооружено лице биле убиени 12 шиитски муслимани во југозападниот дел на таа земја.Нападот бил извршен во област која граничи со Иран и со Авганистан.Шиитите патувале со автобус пред да дојде до нападот.Засега никој не ја презеде одговорноста.Сунитските муслимани кои се поврзани со Ал Каеда и талибанскиот режим често извршуваат напади врз членови на пакистанското шиитско малцинство.
XS
SM
MD
LG