Достапни линкови

Поефикасно судство


Основен суд Скопје

Основен суд Скопје

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс смета дека со новиот закон за кривична постапка Македонија се обврза на реформи кои ќе го направат судството поефикасно.

Во акузаторните системи судот ја има улогата на неутрален арибтер кој обезбедува спроведување на правичен процес, писмените пресуди му помагаат на судијата уште еднаш да потврди дека одлуката е точна, да се заштити правото на жалба на странките и да се обезбеди јасна евиденција која може да ја проверат сите страни, со новиот закон за кривична постапка Македонија се обврза да ја направи оваа реформа со која кривично правниот систем во земјата треба де факто да се трансформира од традиционалниот инквизиторен во систем со многу акузаторни карактеристики.
Промените никогаш не се лесни, посебно промената на менталитетот и нешто што се практицирало долго време. Новиот закон за кривична постапка исто така ќе им овозможи многу поголема улога на обвинителите во рамките на кривично правниот систем.

„Промените никогаш не се лесни, посебно промената на менталитетот и нешто што се практицирало долго време. Новиот закон за кривична постапка исто така ќе им овозможи многу поголема улога на обвинителите во рамките на кривично правниот систем, тие ќе треба да се справат со зголемената надлежност имајќи ги секогаш на ум човековите права на лицата кои се предмет на истрага“, изјави американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на семинарот „Улогата на судијата во новата акузаторна постапка“.
Американскиот амбасадор Пол Волерс.
x
Американскиот амбасадор Пол Волерс.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, е на мислење дека судиите во Македонија се многу поподготвени за примена на новиот систем отколку останатите учесници во кривичната постапка на којшто ќе им биде потребна и обука и техничко опремување за да може законот да биде применлив по 13 месеци кога тој ќе треба да влезе во сила. Не сака да предвидува што ќе биде наведено во есенскиот извештај на ЕК што се однесува до судскиот систем, но смета дека постои значителен напредок.
Сметам дека се направени значителни движења во насока на подобрување на состојбите во македонското судство.

„Сметам дека се направени значителни движења во насока на подобрување на состојбите во македонското судство, во трањето на постапките кое е значително скратено, кога станува збор за траењето на притворот мислам дека и тука имаме значителни поместувања и дека се оди во насока на тоа да притворот се сведе на најкратко нужно потребно време“, изјави Вангеловски.

Семинарот се одржува во организација на министерството за правда на САД, Академијата на судии и јавни обвинители и Здружението на судии на Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG