Достапни линкови

logo-print

Отворен е дводневниот министерски форум во Охрид


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Денеска е отворен дводневниот форум на министрите за внатрешни работи и правда „ЕУ -Западен Балкан“ во Охрид. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во своето поздравно обраќање изјави дека Македонија има визија и е подготвена во соработка со останатите земји да придонесе за силна и ефективна Европа како и соочување со предизвиците на патот кон Унијата.
Таа додаде дека Македонија и земјите од регионот мора да бидат подготвени да се соочат со новите предизвици, интензивна и брза размена на сознанија, односно од соработка на билатерален и мултилатерален план, преземање заеднички координирани мерки и активности на национално и регионално ниво и натамошно зајакнување на капацитетите на државите.
Дводневниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан, е во организација на македонските минситерства во соработка со полското Претседателство со ЕУ.
Планирано е на форумот да се разговара за визната либерализација, миграциските прашања, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со ФРОНТЕЏ, борбата против организираниот криминал и соработката со ЕУРОПОЛ, како и борбата против корупцијата.
XS
SM
MD
LG