Достапни линкови

logo-print

И по Тито - туристи


Куќата на Јосип Броз Тито во Кумровец, главна туристичка атракција во селото.

Куќата на Јосип Броз Тито во Кумровец, главна туристичка атракција во селото.

Животната приказна на југословенскиот маршал Јосип Броз-Тито и по 30 години од неговата смрт прималива за туристите. Кумровец, денес е претворено во етнолошки музеј.

Поранешните југословенски републики се обидуваат да го заборават, а Хрватска неговиот лик го искористи како бренд за уште една туристичка атракција. Животната приказна на југословенскиот маршал Јосип Броз - Тито и по 31 година од неговата смрт е прималива за туристите.
Најголем број на посетители прво тргнуваат од родната куќа на Тито, а потоа го разгледуваат цело село. Во десниот дел од куќата е етнографска поставка, онака како изгледаше куќата на Броз во време на неговото детство
Неговото родно место, Кумровец, денес е претворено во етнолошки музеј под отворено небо насловен како „Старо Село“. Ова е најпознатото село на Балканот, каде годишно се слева море од над 50 000 туристи. Куќата во која пред 119 години бил роден маршалот и денес претставува главна туристичка атракција во селото.

x

„Најголем број на посетители прво тргнуваат од родната куќа на Тито, а потоа го разгледуваат цело село. Во десниот дел од куќата е етнографска поставка, онака како изгледаше куќата на Броз во време на неговото детство. Од левата страна е биографската поставка со фото документација која зборува за посетите на Тито во родната куќа од 1947 до 1979 година“, вели Бранка Шпрем Ловриќ, раководител на музејот „Старо село“.
Имаме и традиционално одбележување на Денот на младоста и радоста, 25 мај. Тогаш селото е претесно да ги собере посетителите, чиј број достигнува и до 12 000 во текот на денот


Минатата година селото го посетиле над 45 000 посетители, од кои 13 илјади странски туристи. Доаѓаат и Срби, Хрвати, Македонци, Босанци, но во најголем број Словенци заради близината.

„Имаме и традиционално одбележување на Денот на младоста и радоста, 25 мај. Тогаш селото е претесно да ги собере посетителите, чиј број достигнува и до 12 000 во текот на денот. Во овој крај е родена и првата хрватска оперска примадона Сидонија Рубидо, во чија чест последните години се организра натпревар по оперско пеење“, додава раководителката на етно селото.

Кумровец денес претставува споменик на културата од прва категорија. На површина од над 12 илјади квадратни метри реставрирани се 35 објекти кои овозможуваат увид во традиционалниот начин на живот и старите обичаи. Местото има дури 25 постојани изложбени простории во кои се презентирани занаетите од крајот на 19 век. Преку оригинални стари експонати може да се види како порано од коноп се правел лен, од жито леб. Музејскиот фонд брои 2800 експонати.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG