Достапни линкови

Расмусен: Нема потреба од дополнителна истрага на Косово


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изјави во Брисел дека Алијансата не планира да спроведе дополнителна истрага за неодамнешните судири меѓу Србите и припадниците на КФОР на граничниот премин Јариње, во северно Косово. Тој додаде дека алијансата и ги доставила сите информации во врска со овој инцидент на српската страна преку воени канали.Расмусен истакна дека припадниците на силите на НАТО имаат право на самоодбрана, но не коментираше дали војници на КФОР во текот на судирот користеле боева муниција или не.
Во судирите на преминот на 27 септември беа повредени 11 луѓе, седуммина Срби и четворица припадници на КФОР.
Расмусен ги повика и косовските Срби и косовските Албанци да се воздржат од насилство.
XS
SM
MD
LG