Достапни линкови

Реџепи: Блокадите им штетат на Србите во Северно Косово


Косовскиот министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави денеска во Охрид дека со блокирањето на граничниот премин Јариње најголема штета трпи српското население што живее во тој дел на Косово.Тој денеска учествува во Форумот на министрите за правда и за внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Охрид.
Тој додаде дека е парадоксално регионот меѓу Србија и Косово целосно да е блокиран затоа што е пречка за слободното движење на граѓаните, пред се на српското население затоа што како што вели на косовската институција таквата ситуација помалку и пречи.
Реџепи повтори дека косовската полиција заедно со КФОР и ЕУЛЕКС, има обврска да ја осигура безбедноста на сите жители и да овозможи слободно движење на населението.
XS
SM
MD
LG