Достапни линкови

Иранскиот ајатолах: Нема милост за вмешаните во финансиската измама


Врховниот ирански верски лидер ајатолахот Али Каменеи побара од иранските власти да не покажат милост кон оние што се вмешани во најголемата финансиска измама во земјата. Каменеи во телевизиско интервју порача политичарите и медиумите да не креваат толку врева за измамата вредна 2,6 милијади долари затоа што како што вели некои луѓе се обидуваат да го злоупотребат како оправдување за да удат по властите.
Во меѓувреме 11 пратеници испратија писмо до претседателот на парламентот барајќи да се спроведе независна истрага за прекршување на законот од страна високи финансиски фунционери во земјата. До сега се приведени околу 20 осомничени, односно формирање мрежа за купување на имот со фалсификувани документи.
XS
SM
MD
LG