Достапни линкови

Попоски доби ветување во Тирана за реален попис на македонското малцинство


Албанскиот министер за надворешни работи Едмонд Хаџинасто по денешната средба со неговиот македонски колега Никола Попоски, изјави дека пописот во Албанија ќе се споведе според европски стандарди и оти резулататите ќе бидат во согласност со реалната состојба. Попоски искажал убедување дека во текот на пописот ќе се направат сите напори да се идентификуваат сите Македонци во Албанија и да учествуваат во пописот.
Претходно македонското и другите малицинства во Албанија најавија бојкот на пописот поради како што велат неможноста слободно да ја изразат нивната етничка и верска припадност.
Заклучокот од денешната средба на дипломатите во Тирана е дека билатералните албанско-македонски односи се на високо ниво, но потребно е нивно унапредување, како значаен придонес за мирот и стабилноста во регионот.
XS
SM
MD
LG