Достапни линкови

Повторно казна затвор за 20 луѓе во Бахреин поради протестите


Судот во Бахреин денеска осуди над 20 луѓе поради случаи поврзани со протестите во земјата. Воениот обвинител соопшти дека 14 од нив добиле доживотна казна затвор за убиството на Пакистанец за време на немирите покрај другите обвиненија. Седум студенти се осудени на 6 до 15 години затвор за обид за убиство на воено лице. Властите уапсија стотици демонстранти во шиитските протести против сунитската власт.Во протестите кои почнаа пред неколку месеци загинаа најмалку 30 луѓе.
XS
SM
MD
LG