Достапни линкови

Ставревски: Исплатени старите девизни заштеди


Исплатена e последната рата од обврзницата за старо девизно штедење во износ од 25,7 милиони евра. Ова денеска го изјави министерот за финансии Зоран Ставревски. Тој додаде дека со ова е заокружен историски процес наследен од поранешна Југославија и дека е исправена неправдата кон граѓаните и фирмите со заробени девизни заштеди.
Ставревски истакна дека со оваа исплата ќе се подобри ликвидноста на стопанството за нови 1,5 милијарди денари.
Рокот на отплата на обврзниците беше 10 години, со што од буџетот се исплатени вкупно 576 милиони евра од кои 512 милиони се главница и 64 милиони евра се камата. Годишно за двете рати се исплаќаа по 52 милиони евра.
XS
SM
MD
LG