Достапни линкови

Политизација на пописот


Според Државната пописна комисија, медиумите и дел од партиите го политизираат пописот, а техничките проблеми што се појавија, биле минливи.

Оставките се личен чин и нема да ги коментираме, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по обвинувањата на доскорешната претседателка на Државната пописна комисија, Весна Јаневска за пописен фалсификат. Османи вели дека пописот не е политизиран, туку перцепцијата за него.
Резултатите од пописот влијаат и на политичките случувања и политичкото планирање во државата и затоа треба да бидеме внимателни кога даваме изјави од тој тип
Бујар Османи, портпарол на ДУИ
„Резултатите од пописот влијаат и на политичките случувања и политичкото планирање во државата и затоа треба да бидеме внимателни кога даваме изјави од тој тип.“

Извори од Државната пописна комисија велат дека медиумите се обидуваат на целата операција да и дадат политички предзнак, а техничките проблеми кои се појавија на самиот старт, ги опишуваат како минливи.
Нејзината изјава дека „не е прв, дека не сака да учествува во уште еден фалсификат“, зборот „уште еден“ зборува дека нешто се случувало и во пописот во 2002 година.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Политичките аналитичари потсетуваат дека оваа статистичка операција секогаш била проблематична во Македонија.

„Нејзината изјава дека ’не е прв, дека не сака да учествува во уште еден фалсификат‘, зборот ’уште еден‘ зборува дека нешто се случувало и во пописот во 2002 година и таа изјава укажува дека истата игра се игра како што се играло и пред девет години“, изјави политикологот Соња Стојадиновиќ.
Во Македонија функционира „демократија на бројки“, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.

Пописот секогаш имал етнички предзнак, кој најчесто има политичка заднина, вели Стојадиновиќ.

„И е многу тажно тоа што и бројот на гласачкото тело и тие од каде што добиваат пари и тие гласачи и Државната пописна комисија и нашите политичари повторно се вклучуваат како монета за поткусурување во политичките игри.“

Во Македонија погрешно се сфаќа демократијата. Тука, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири, функционира „демократијата на бројки“.

„Основната цел на овој попис е бројот на населението кај Албанците да се намали, односно да биде под 20 отсто, затоа што цензусот 20 проценти значи употреба на некои права на Албанците.“
Основната цел на овој попис е бројот на населението кај Албанците да се намали, односно да биде под 20 отсо, затоа што цензусот 20 проценти значи употреба на некои права на Албанците.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

За Демири е индикативен и факот што веќе подолго време нема Албанец на повисока раководна функција во Заводот за статистика.

„Одамна нема раководител Албанец. Ја креираат таа фама на некоја мистика во овие статистички податоци каде што влегува и пописот на населението да се чита поинаку.“

Два дена откако и официјално започна пописот, забележани беа низа технички проблеми во неговото спроведување. Дел од медиуните јавија за проблеми со материјали, за недостиг од попишувачки кадар и со население кое во одредени краеви не сака да се попише. Опозицискиот СДСМ ја обвини владата дека не е способна да го спроведе пописот. Од Државната пописна комисија апелираа до политичките партии да се воздржат од коментари во врска со оваа операција и да не ја злоупотребуваат за политички цели.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG