Достапни линкови

Ваши коментари


Бројни коментари од нашите слушатели на нашето прашање во рубриката Хајд парк: Каде води етикетирањето како предавници на оние што не го делат мислењето на власта?

И еве, дојде ред денешното читање на вашите коментари и пораки, почитувани, да го почнеме со нашиот Хајд парк и прашањето каде води етикетирањето како предавници на новинарите и на граѓаните кои не го делат мислењето на власта.
Горан бара да не се изнесуваат невистини затоа што никој не ги етикетирал неистомислениците со власта како предавници, туку тие само се ваделе за наводна недемократија и диктатура зашто немале ништо да понудат.

Македонец, кој добро памети, не' потсетува кој прв ја почнал таа работа: Поделбата на патриоти и предавници почна во 2008 година по интервјутоа на премиерот Груевски за државната агенција МИА, каде што тој ги обвини дописничките од Брисел дека поради лукративни причини пласираат лоши вести за Македонија, пишува слушателот потпишан со Македонец.
Пописот - тема за бројни реакции.
x
Пописот - тема за бројни реакции.

Горан бара да не се изнесуваат невистини затоа што никој не ги етикетирал неистомислениците со власта како предавници, туку тие само се ваделе за наводна недемократија и диктатура зашто немале ништо да понудат со што ќе го убедат народот во нешто поразлично од она што го правела власта.
Како што сте тргнале, ја уништивте Македонија како нормална граѓанска и демократска земја, заклучува слушателот потпишан како ФРЦ
ФРЦ од Скопје веднаш му одговара на Горан дека меша баби и жаби. Зборовите предавници ги измисли власта и нивните медиумски послушници, потсетува ФРЦ, за да напише дека тоа е Гебелсова пропаганда. Како што сте тргнале, ја уништивте Македонија како нормална граѓанска и демократска земја, заклучува ФРЦ.

Нашите текстови за почнувањето на пописот и за проблемите околу него веќе предизвикале ваши коментари, почитувани. Некој слушател, кој очигледно сака да живее во етнички чиста држава(?!?), што е зачудувачко затоа што таква денес не постои на светот, смета дека етничките заедници се плашеле дека ќе излезеле многу помалку од декларираното, па Рамковниот договор немало да важи. Тогаш, Македонија ќе била само на Македонците, нереално се надева Скопјанецот.

Јосиф Давидов би се зачудил кога дел од медиумите и сдсмовците ќе кажеле нешто позитивно за Македонија така што нивните коментари биле очекувани и не биле вест.

На нашата тема: „Македонија на ’грчки‘ пат?“, во врска со новата владина емисија државни обврзници и новото задолжување на државава, слушател потпишан со Рецензент му забележува на консултираниот економски експерт Узунов дека не ги знае работите и дека погрешно ја поистоветувал нашата и грчката економско-финансиска состојба.

Но, Стефан од Скопје смета дека е бадијала пишување и објаснување од експерти бидејќи на луѓето од власта и на нивните поддржувачи никој ништо не може да им докаже, бидејќи, вели, џабе е да им зборуваш на глуви, а Петар од Велес жали што темата нема да допре до поголем број читатели и слушатели, што зборува и за медиумската состојба во земјава, заклучува тој.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG