Достапни линкови

21 година од обединувањето на Германија


Во Германија денеска се одбележува 21 година од обединувањето. Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Кристијан Вулф ќе присуствуваат на главната церемонија во Бон, поранешниот главен град на Германија. По само 11 месеци од паѓањето на Берлинскиот ѕид, на 3-ти Октомври 1990-та година, Западна и Источна Германија се обединија. Меркел, која е од источна Германија, изјави дека и по 21-на година, сеуште постојат некои сериозни разлики меѓу двата дела од земјата, особено во поглед на невработеноста, која е повисока во источниот дел.
XS
SM
MD
LG