Достапни линкови

Министрите за финансии од евро-зоната, повторно за Грција



Министрите за финансии на земјите кои го користат еврото како заедничка валута, денеска во Луксембург ќе расправаат за финансиската помош за Грција. Грчката влада вчера соопшти дека во оваа и во наредната година ќе биде намален буџетскиот дефицит, но оти нема да биде на она ниво што го бараат Европската Унија и Меѓународниот Монетарен Фонд. Лимитирањето на грчкиот буџетски дефицит е услов за добивање на траншите од финансискиот пакет помош.
XS
SM
MD
LG