Достапни линкови

16 години од атентатот врз Киро Глигоров


Пред 16 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во главата.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.
XS
SM
MD
LG