Достапни линкови

Попоски во посета на Албанија


Albania -- Map, no flag, undated

Albania -- Map, no flag, undated

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска е во прва посета на Република Албанија. Како што соопшти МНР, на средбата со својот домаќин, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Албанија Едмонд Хаџинасто, се очекува да се разговара за можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, натамошно зајакнување на регионалната соработката, како и взаемна поддршка на евроинтегративните процеси на двете земји. Покрај средбата со својот колега, министерот Попоски ќе се сретне и со претседателот и премиерот на Република Албанија, Бамир Топи и Сали Бериша, како и со претседателката на албанското Собрание Џозефина Топали и Фатос Беја, претседател на Комитетот за надворешна политика на Собранието на Република Албанија.
XS
SM
MD
LG