Достапни линкови

Авганистан бара соработка од Пакистан во борбата со Талибанците


Авганистанската влада денеска побара од Пакистан да преземе конкретни мерки во борбата против Талибанците. Авганистанското министерство за надворешни работи соопшти дека и е потреба помош од соседот за да ги олесни директните преговори со талибанското раководство и бунтовничките лидери кои се подготвени да се приклучат кон националниот процес на помирување.
Претходно беше упатено обвинување до Пакистан дека разузнавачките служби соработувале со милитантите кои извршиле напади врз американски цели во Кабул. Пакистан ги негираше тие наводи.
Во меѓувреме во Кабул денеска се оддржуваат протести против Пакистан.
XS
SM
MD
LG