Достапни линкови

Арапската лига вети финансиска помош за Палестинците


Шефот на арапската лига Набил Ал Араби денеска изјави дека арапските земји ќе им понудат финансиска помош на Палестинците во замена за помошта, што Соединетите Држави се закaнија дека ќе ја укинат поради палестинското барање за признавање како независна држава. Ал Араби по средбата со палестинскиот преговарач Саеб Ерекат во Каиро изјави дека Арапската лига ќе им помогне на палестинските власти и тоа ќе биде најсилниот одговор на заканата. Палестинскиот претседател Махмуд Абас поднесе барање за полноправно членство на Генералното Собрание на Обединетите Нации во септември во Њујорк. САД најавија дека ќе стават вето на палестинското барање.
XS
SM
MD
LG