Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се скараа за Зеленото пазарче


ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека се обидува да спречи било каква иницијатива за градба во Скопје само, да го избегне прашањето што се отвара со секоја нова градба „Зошто не се градело порано?“. Преставникот на на партијата Владимир Бахчовановски изјави дека со вчерашната изјава на Јани Макрадули станало јасно дека организатори на, како што вели, таканаречениот граѓански отпор се раководството на СДСМ.
Причина за ваквата реакција се вчерашните протести на жителите на општина Центар поради најавата за рушење на Зеленото пазарче и изградба на зграда спроти хотелот Бристол на улица „Македонија“.СДСМ во писмена реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема ништо против каков било проект кој значи подобрување на животот на граѓаните, но ќе поддржат иницијативата на граѓаните затоа што како што велат одлуката на општина Центар е донесена заради богатење и бизнис-интереси на функционери на владејачката партија.
XS
SM
MD
LG