Достапни линкови

Сирија му се закани на американскиот амбасадор


Напад на возилото на американскиот амбасадор во Дамаск

Напад на возилото на американскиот амбасадор во Дамаск

Сириски државен весник Ал Бат денеска објави предупредување до американскиот амбасадор во Дамаск Роберт Форд да не се меша во внатрешната политика ако не сака да биде изложен на уште еден напад со „расипани јајца“.Весникот го обвини амбасадорот дека ги поддржува антивладините групи. Ал Бат се смета за медиум кој ги пренесува исклучиво владините ставови, јавува новинскта агенција Асошиетет прес. Поддржувачите на сирискиот претседател Башар Ал Асад фрлале со јајца и домати врз амбасадорот при неговата посета на опозициски лидер. Соединетите Држави го осудија нападот. Во Сирија од почетокот на март се оддржуваат протести против режимот на Асад при што загинале на 2700 демонстранти.
XS
SM
MD
LG