Достапни линкови

Промоција на „Побрзај и почекај“


Од промоцијата на книгата „Побрзај и почекај“ во Велестово
Од промоцијата на книгата „Побрзај и почекај“ во Велестово

„Побрзај и почекај“ е насловена книгата на Владимир Мартиновски чија промоција се одржа на Факултетот за ликовни уметности во скопски Сули ан.

Еве поет кој се осмелува да пишува денес, во ова наше сурово време на губење на сите илузии, едноставни љубовни песни. Владимир Мартиновски ги пишува тие песни како никому пред него да не му паднало на ум да пишува за љубовта. Пред нас е очигледно зналец кој се откажува од своето знање: тој сигурно прочитал илјадници песни на оваа вечна тема – и сепак решил за миг да ги заборави за да ја напише својата.
Може да се каже дека 90 отсто од ракописот настана во еден ден. Ова е практично прво издание, првото беше направено во еден примерок, за еден читател, дури пред извесно време се осмелив да го споделам ракописот со уште неколку пријатели, а потоа го вообличив во форма на книга.
Владимир Мартиновски, автор на „Побрзај и почекај“.

Неговите песни ја слават метаморфозата на светот под влијание на љубовта. Или, подобро: тој ја слави магијата на љубовта која успева секогаш одново да го промени светот.

Ова ќе го забележи академик Влада Урошевиќ во предговорот на новата книга „Побрзај и почекај“ на писателот Владимир Мартиновски, што како издавач ја потпишува КЛИКЕР КНИГИ и чија промоција се обистини во прекрасниот амбиен на Сули ан. Се работи за еден вид љубовна поема составена од 44 песни во проза отпечатена двојазично – на македонски и англиски јазик, а за препевот се погрижи Калина Јанева.

„Може да се каже дека 90 отсто од ракописот настана во еден ден. Ова е практично прво издание, првото беше направено во еден примерок, за еден читател, дури пред извесно време се осмелив да го споделам ракописот со уште неколку пријатели, а потоа го вообличив во форма на книга. Може да се каже дека сите се љубовни песни и заедно формираат еден нов текст“, вели авторот.

Книгата беше претставена преку промотивна беседа на Владимир Јанковски и музичко-поетски перформанс на групата СТАРОВСКИ. Ова беше е втора ваква средба по заедничкиот настап на поетските вечери во Велестово, а Дејан Спасовиќ, кој она што го работи неговиот состав го именува како кабаре-чалгија, за остварената плодна соработка со Мартиновски знае да забележи дека:

„Неговата поезија и нашата музика имаат некои допирни точки и додека трае читањето „Старовски“ музицира и немаше граница помеѓу тоа што е читана поезија, а што е пишана поезија.“

Инаку, доцент – доктор Владимир Мартиновски е македонски поет, есеист и прозаист. Тој зад себе има 10 објави и составувач е на две антологии. Неговите дела се печатени и на албански, грчки, јапонски, словенечки и српски јазик, а добитник е и на наградата Браќа Миладиновци на Струшките вечери на поезијата за збирката Квартети.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG