Достапни линкови

Авганистан ги прекина преговорите со Талибанците


Авганистанскиот преседател Хамид Карзаи ги прекина преговорите со Талибанците и најави нова мировна стратегија. Тој во вчерашното телевизиско обраќање го повика Пакистан да помогне за да се стави крај на екстремистичкото насилство. Авганистанската разузнавачка служба соопшти дека верува оти убиството на поранешниот претседател Рабани е планирано во Пакистан. Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани изјави денеска дека Пакистан направил се што може за да помогне во расчистување на случајот Рабани.
XS
SM
MD
LG