Достапни линкови

Пописната драма почна


Пописот не тече сјајно но надлежните смируваат, нормално било да има технички проблеми. Стигнаа и првите политички обвинувања за фалсификат.

Неколку часа по почетокот на пописот почнаа и проблеми за кои властите сметаат дека се само технички. Дел од македонските медиуми јавуваат за проблеми со материјали, со попишувачки кадар и со население кое во одредени краеви не сака да се попише. Дописниците јавуваат за проблеми во кумановскиот крај каде што недостигаат попишувачи, неорганизиран старт на попис, турканици во општината и се чекаат инструкции од Државната пописна комисија. За ова надлежните институции најавуваат дека проблемите ќе бидат решени во текот на денот.
Актуелната власт мисли дека како што мести тендери може да ги намести и пописните резултати. Очигледно дека пазарот меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за хашките случаи има и нови продолженија.
На технички пропусти се жалат и дел од попишувачите од руралните делови во тетовскиот крај каде што денеска не стигнале навреме пописните материјал, па од регионалната канцеларија за попис велат дека материјалите каде и да е ќе пристигнат денеска. Во струшкиот регион пописот започнал во само 30-тина проценти од населеното место.

На денешната прес-конферeнција, новата претседателка на Државната пописна комисија, Слободанка Гиевска, изјави дека е нормално да се очекуваат предизвици од технички аспект како што е непојавување на мај број попишувачи, што, како што вели, можеби се случило од објективни причини, но истакна дека ќе се решава во наредните денови.

„Тоа значи дека пописот не е започнат во полн капаците со попишувачи, но тоа ќе биде докомплетирано следните денови. Од различки причини попишувач може да не се појавил, а со оглед дека попишувачите се во парови и оној кој се појавил не може да оди на терен, процесот е почнат во оној капацитет во кој е потребен за почеток.“

Од друга страна, пак, опозициската партија СДСМ смета дека владата не е способна да го спроведе пописот.

„Се потврдува дека оваа власт не е способна законски да спроведе ниту една техничка, статистичка операција како што е пописот. Актуелната власт мисли дека како што мести тендери може да ги намести и пописните резултати. Очигледно дека пазарот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за хашките случаи има и нови продолженија. Одговорноста за политичките злоупотреби на пописот е на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави претеникот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.
Злоупотребување на статистичка операција за нивни политички цели во најмала рака е неодговорно кон сопствената држава.
Гиевска апелираше до политичките партии, да се воздржат од коментари во врска со оваа операција и особено, затоа што како што вели, нејзино злоупотребување за политички цели затоа тоа е во најмала рака неодговорно кон сопствената држава.

Пред самиот почеток на пописот, сега поранешната претседателка на пописната комисија Весна Јаневска си поднесе оставка поради сомневање за пописен фалсификат.

„Во Република Македонија се спрема уште еден голем пописен фалсификат. На пример во Чаир не се прима материјалот или пак, се судираат само членови од еден етникум, другите не се повикуваат, на други места се вмешуваат градоначалници да прават распоред, а тоа не е нивна работа. Сите овие настани укажуваат на тоа дека не само што нема пописот да има добар квалитет, туку пописот е крајно исполитизиран што никогаш не било моја цел. Моја цел било да имаме реален попис и релевантни параметри за статистичка обработка кои ќе го подобрат квалитетот на живеење.“

Нејзината наследничка Гиевска, на прес-конференцијата, не сакаше да ги коментира изјавите на поранешната престедателка.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG