Достапни линкови

Авганистан наместо со Талибанците сака да преговара со Пакистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи преговорите со Талибанците ги нарече залудни и повика фокусот на преговорите да се сврти кон Пакистан. Во своето видео обраќањето Карзаи изјави дека ставот за преговорите го сменил по убиството на поранешниот претседател Бурханудин Рабани. Тој додава дека во ситуација не може да го најде Мулах Мохамед Омар и кога не може да се пронајде талибанскиот совет тогаш другата страна со која треба да се преговара е Пакистан.
Ваквите забелешки на Карзаи, кој досеа вршеше притисок за дијалог со Талибанците, следуваат по неодамнешното обвинување на Пакистан за неуспешно справување со терористичките упоришта во земјата.
Минатата недела и американските власти ги обвнинија разузнавачките служби во Исламабад дека соработуваат со милитантите во нивните напади на западните цели. Се верува дека поголемиот дел од талибанското раководство живее во Пакистан.
XS
SM
MD
LG