Достапни линкови

logo-print

Француски НВО: Белград да ја преиспита одлуката за „Парадата на Гордоста“


Неколку француски невладини организации кои ги застапуваат интересите на ЛГБТ заедницата побараа денеска од српските власти да ја преиспитаа својата одлука за забрана на оддржување на парадата на гордоста в недела. Во нивното заедничко соопштение е наведено дека во тој регион уште еднаш победи хомофобичната екстремна десница и дека српската влада треба итно да реагира. Со реакција се огласи и „Амнести интернешнл “ која забраната ја оцени како „мрачен ден “ човековите права во Србија. Околу 30 активисти на геј заедницата во Србија денеска за кратко го блокираа сообраќајот на Теразија во знак на протест на одлуката на срските власти. Тие претходно на прес конференција оценија дека забраната е голем чекор наназад за земјата, затоа што државата со овој потег „капитулирала“ односно не може да излезе на крај со хулигани.
Српските органи за безбедност, на вчерашниот вонредeн состанок, оцениле дека постои опасност екстремни групи да предизвикаат насилства и нереди низ градот, па затоа било решено да бидат забранети сите јавни собири во Белград во текот на викендoв.
XS
SM
MD
LG