Достапни линкови

Минималецот во Македонија ќе изнесува 8 050 денари


Минималната плата во Македонија ќе изнесува 8.050 денари во нето или 12.265 денари во бруто износ. Ова одлука денеска ја донеа трите социјални партнери - Владата, работодавачите и синдикатите.Утврденото ниво на минимална плата се однесува на основната плата за полно работно време и нормален учинок, односно во износот не се вклучени додатоците на плата. Доколку вработениот не ги остварува очекуваните резултати, минималната плата се намалува соодветно на сработеното. Премиерот Никола Груевски изјави дека со овој договор ќе се состојбата на 65 илјади работници чија плата во моментот е под предложеното ниво. Тој најави донесување на закон за минимална плата до крајот на годината, кој ќе почне да се применува од 2012 година и ќе се обезбеди период на усогласување од три години во кој треба да се достигне предложениот износ на минимална плата.
XS
SM
MD
LG