Достапни линкови

Ерменци со протести барат предвремени избори


Стотици опозициски поддржувачи денеска протестираат во Ерменија. Протестите се оддржуваат веќе втор ден. Целта на организаторот Ерменски национален Конгрес е да извршат притисок врз владата за да распише претседателски и парламентарни избори до крајот на годинава. На вчерашните протести се појавија околу 6 илјади луѓе и дел од нив поставија 20 шатори на плоштадот во главниот град. Ерменските власти го отфрлија барањето на опозицијата за предвремени избори и соопштија дека најавениот еднонеделен протест е само тактика на опозицијата за да стекне поголема поддршка пред регуларните избори кои треба да се оддржат следната година.
XS
SM
MD
LG