Достапни линкови

Првите попишувачи се отпишаа ама пописот почна


И покрај остaвките на првите луѓе на пописната комисија, пописот денеска почна. Надлежните иснтитуции и Еуростат очекуваат успешен попис.

Пописот на населението, домаќинствата и становите денеска почна во 8 часот соопшти потпаролот на државната пописна комисија Кирил Барнабеев. Тој изјави дека за сега нема проблеми, а таму каде што ќе се јават тие ќе се решаваат.

Со оглед дека подготовките за пописот се успешно спроведени, убедени сме дека и прибирањето на податоците ќе биде добро.
Со оглед дека подготовките за пописот се успешно спроведени, убедени сме дека и прибирањето на податоците ќе биде добро.

Претставниците на ЕУРОСТАТ кои ќе го набљудуваат процесот очекуваат успешно споведување на пописот.

„Свесни сме за политичката ситуација во земјата и за комплексноста на ооштеството, но со оглед дека подготовките за пописот се успешно спроведени, убедени сме дека и прибирањето на податоците ќе биде добро“, изјави директорот на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори Питер Евераерс.

Тој додаде дека ЕУРОСТАТ спроведува само т.н. лесен мониторинг. Претставници на ЕУРОСТАТ по набљудувањето на пописот треба да направат експертска анализа дали тој е спроведен во согласност со меѓународните препораки. Според најавите, првите резултати треба да бидат готови во декември.

„Ова време следната година во извештајот за прогресот на земјата ќе можеме да кажеме дека и вашата земја направила добар попис“, вели Еверес .

Пописот ќе се спроведува до 15 октомври. Според Законот за попис, треба да бидат попишани сите луѓе што живеат во Македонија, граѓаните кои живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние кои имаат престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на Македонија.

Директорката на Дражвниот завод за статистика Благица Новковска изјави дека само со почитување на Законот за попис може да се очекува квалитетно и веродостојно спроведување на целиот процес.

Попишувањето ќе го вршат по двајца попишувачи што ќе поставуваат прашања во согласност со пописната методологија и одговорите на граѓаните ќе ги запишуваат во печатени пописни обрасци.

Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањата каде живеат, кога и каде се родени, за образованието и нивната работа, колку членови има домаќинството, во каков стан или куќа живеат и сл.

Стартот на пописот беше под знак прашалник поради оставките на членови на Државната пописна комисија.

Претседателката на Комисијата Весна Јаневска вчера си поднесе оставка затоа што, како што вели, се подготвувал пописен фалсификат. Со неа оставка си поднесоа и заменик претседателот на Kомисија, Абдулменаф Беџети, кој за неколку медиуми изјави дека неговата оставка не е политички мотивирана и дека причините за тоа се отворени прашања од технички, оперативен, просторен и временски карактер.

Македонската влада вчера на нивно место постави нови членови, а нов претседател на Комисијата ќе биде Слободанка Гиевска, додека Бујар Османи ќе ја извршува функцијата потпретседател.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG