Достапни линкови

logo-print

ДПК: Пописот се одвива без проблеми


Пописот на населението, домаќинствата и становите денеска почна во 8 часот соопшти потпаролот на државната пописна комисија Кирил Барнабеев.
Тој изјави дека за сега нема проблеми, попишувачите се излезени на терен.
Претставниците на ЕУРОСТАТ кои ќе го набљудуваат процесот соопштија дека со оглед на подготовките за пописот кои се успешно спроведени очекуваат пописот да биде успешен. Пописот ќе се спроведува до 15 октомври. Според законот за попис, треба да бидат попишани сите луѓе што живеат во Македонија, граѓаните кои живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние кои имаат престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на Македонија.
Првите податоци од пописот, според најавите, треба да бидат објавени во декември годинава.
XS
SM
MD
LG