Достапни линкови

Отпуштање на административци тема на преговорите во Атина


Демонстрантите во Атина ги палеа сметките во кои беа вметнати новите давачки како дел од мерките за штедење

Демонстрантите во Атина ги палеа сметките во кои беа вметнати новите давачки како дел од мерките за штедење

Грчките власти денеска ќе се сретнат со прегововарачи на ЕУ и ММФ за дел од заемот што треба да го добие Атина. Тема на денешните преговори треба да биде прашањето како и кога ќе го спроведат грчките власти ветувањето за отпуштање на вработени во државната администрација, јавува новинската агенција Ројтерс. Доколку не се договорат, Грција може да не ги добие 8-те милијари евра од новата рата за спас од кризата , со што земјата може да остане без пари за плати и сметки за само неколку недели. Претставнците на Европската Централна Банка, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд пред неколку месеци сопштија дека се сомневаат оти Грција може да си спроведе докрај реформите за кратење на трошоците и за покачување на даноците.
XS
SM
MD
LG