Достапни линкови

Наскоро во светот 7 милијарди жители


На 31 октомври годинава светот ќе има седум милијарди жители, проценуваат Обединетите нации. Во моментов, на Планетата живеат над 6 милијарди и деветстотини луѓе, повеќето мажи, односно на 200 жени има 201 маж. Најнаселена земја е Кина, со околу милијарда и 330 милиони жители, по што следува Индија со над милијарда и 150 милиони. ,,Нејшнал географик,, се обиде да состави репрезентативен примерок на жител на светот. Тоа би бил кинез кој би зборувал мандарински, би бил христијанин, писмен, би живеел во град и би работел во услужна дејност.
XS
SM
MD
LG