Достапни линкови

logo-print

Нови членови на ДПК, пописот почнува


Владата на Македонија вчера го комплетираше составот на Државната пописна комисија, откако ги констатираше оставките дадени на нивно барање од досегашните членови на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети, Весна Јаневска, Марија Ташева, Ванчо Ангеловски и Фаузи Скендери. Владата за нови членови на Државната пописна комисија ги именуваше Бујар Османи, Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби. Нов претседател на Државната пописна комисија ќе биде Слободанка Гиевска, додека Бујар Османи ќе ја извршува функцијата потпретседател. Претседателот на Државната пописна комисија Весна Јаневска вчера поднесе оставка на функцијата, бидејќи според неа, се подготвувал фалсификат на пописот.
XS
SM
MD
LG