Достапни линкови

logo-print

Смртта на Ал Авлаки пресврт во битката против Ал Каеда


Анвар Ал Авлаки

Анвар Ал Авлаки

Американскиот претседател Барак Обама денеска оцени дека смрта на милитантот Анвар Ал Авлаки, кој беше една од најголемите закани за безбедноста на САД, е пресвртница во битката против терористичката мрежа Ал Каеда и нејзините сојузници. Тоа е доказ дека припадниците на Ал Каеда не се безбедни никаде во светот, додаде Обама.
Претходно, јеменското министерство за одбрана соопти дека Ал Авлаки бил убиен денеска во Јемен, заедно со уште неколкумина соработници. Ал Авлаки заминал од Соединетите Држави во Јемен во 2004-та година каде што регрутирал милитанти за акциите на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG