Достапни линкови

Делегација на СЕЕМО ќе ја посети Македонија


Делегација на Организацијата за медиуми за југо-источна Европа, СЕЕМО, од 4-ти до 6-ти октомври је престојува во посета на Македонија, е соопштено денеска од таа организација со седиште во Виена. Целта на посетата е да биде согледана ситуацијата со медиумите во Македонија, бидејки оваа организација годинава добила серија известувања за политички и економски притисоци врз медиумите. Покрај разговорите со македонскиот државен врв, делегацијата на СЕЕМО, ќе има средби и со претставници на медиумите во Македонија.
XS
SM
MD
LG