Достапни линкови

logo-print

Српските власти ја забранија Парадата на гордоста


Српските власти ја забранија геј парадата, што беше закажана за во недела во Белград, од безбедносни причини. Српските органи за безбедност, на вонредниот состанок, оцениле дека постои опасност екстремни групи да предизвикаат насилства и нереди низ градот, па затоа било решено да бидат забранети сите јавни собири во Белград во текот на престојниот викенд. Претставникот на организационот одбор на Парадата на гордоста, Горан Милетиќ, оцени дека забраната на таа манифестација претставува капитулација на државата пред хулиганите и насилниците. Претходно, денеска, српскиот патријарх Иринеј ги повика властите да ја забранат, како што ја нарече, Парадата на срамот.
XS
SM
MD
LG