Достапни линкови

Питер Фејт - нема да има разговори за северно Косово


Шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово Питер Фејт изјави дека нема да има разговори за решавање на кризата во северно Косово, ниту дека има основи за посебни разговори на делегацијата на Србија со претставници на Европската унија и САД.
- „Постои спогодба за царинските печати и сега мораме да го видиме почетокот на трговските текови, така што нема потреба за бојкот на трговијата или реципроцитетни мерки“. изјави Фејт за косовскиот весник „Косова сот“.
Тој го поддржува ставот дека на премините во северното Косово нема враќање на состојбата пред 25 јули.
Фејт смета дека состојбата на северно Косово е сложена и оти се менува мошне брзо и може да стане мошне нестабилна.
XS
SM
MD
LG