Достапни линкови

Хашкиот суд го отфрли барањето на Шешељ за прекин на процесот


Судскиот совет на Хашкиот трибунал го отфрли барањето на Воислав Шешељ за прекин на судењето поради кршењето на правата на обвинетиот на судење во разумен рок.
Судот смета дека Шешељ не успеал да докаже дека неговото право на судење во разумен рок било повредено. Судењето на лидерот на Српската радикална партија почна во 2007 година.
Во образложените на одлуката, Судскиот совет се повикува на својата одлука од 10 февруари 2010 година во која се наведува дека според меѓународното и европското право на постои рок чие надминување може да се смета дека судењето е нефер поради продолжување на процесот.
Хашкиот трибинал на Шешељ му суди поради воени злосторства против несрпско население во Босна и Херцеговина, Хрватска и Војводина од 1991 до 1994 година.
XS
SM
MD
LG