Достапни линкови

ДСЗ е подготвен за почеток на пописот во Македонија


Macedonia - Roma child in the center of Skopje, Aug2009

Macedonia - Roma child in the center of Skopje, Aug2009

Подготвени сме да го почнеме пописот, изјави денеска претседателката на Државниот завод за статистика Благица Новковска.
- „Јас кажувам дека ако мојата одлука е да ги испратам со мојот потпис сите лица на терен значи сметам дека сме подготвени да го почнеме пописот. За мене во таа насока не би требало да има импликации“, изјави денеска Новковска, одговарајќи на новинарско прашање за последните проблеми поврзани со пописот.
Директорката на ДЗС посочи дека денеска се делат материјалите на сите државни инструктори кои ги затекнавме во Заводот.
XS
SM
MD
LG