Достапни линкови

Белорусија не учествува на самитот ЕУ - источна Европа


Варшава 30.09.2011

Варшава 30.09.2011

Белорусија денеска го откажа учеството на самитот меѓу лидерите на Европската Унија и на земјите од така-нареченото источно партнерство. Полскиот премиер Доналд Туск, на вториот ден од самитот во Варшава, соопшти дека белоруската делегација не е присутна, а министерството за надворешни работи на Белорусија објави дека присуството не било возможно бидејки партнерството не може да биде базирано врз дискриминација. Минск ги обвинува организаторите на самитот што не го поканиле претседателот Лукашенко. Инаку, во источното партнерство се вклучени Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.
XS
SM
MD
LG