Достапни линкови

Ердоган денеска во посета на Тетово, Гостивар и Охрид


Премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, кој од вчера престојува во официјална посета на Република Македонија, денеска ќе ги посети Тетово, Гостивар и Охрид. Ердоган претпладнево ќе ја посети Старата скопска џаршија, Мустафа-пашината џамија и Музејот на македонска борба. Потоа заминува за Тетово каде што ќе ги посети Шарената џамија и Ара-бати баба теќе. Ердоган по Тетово, ќе ги посети Врапчиште и Гостивар, а дводневниот прерстој во Македонија ќе го заокружи со посетата на Охрид.
XS
SM
MD
LG