Достапни линкови

Авганистан - Подобро на воен план, полошо за цивилите


Меѓународните сили во Авганистан објавија нови податоци, според кои има тренд на намалување на насилствата во нивна полза. Од НАТО соопштуваат дека направиле напредок во сузбивањето на Талибанците од нивните упоришта на југот на земјата. Коалицијата предводена од САД објави дека нападите од страна на бунтовниците во првите осум месеци од годината се намалиле за 2 проценти. НАТО соопштува дека Талибанците се повеќе се потпираат на поставување крајпатни бомби, наместо на директни судири со меѓународните сили.

Ден претходно, ОН во својот квартален извештај за Авганистан, наведоа дека до крајот на август имало повеќе од 2.100 инциденти, што е за 39 проценти повеќе во споредба со истиот период претходната година. Податоците вклучуваат и напади од страна на бунтовниците, но и од страна на НАТО и авганистанските сили врз Талибанците.
Претставникот на ОН во Авганистан, Стефан де Мистура, изјави дека податоците на ОН и на НАТО не се контрадикторни, туку дека ситуацијата во Авганистан е подобрена на воен план, но во исто време се зголемил бројот на цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG