Достапни линкови

logo-print

Американски санкции за авганистански терорист


Илустрација: Провинцијата Пактика во Авганистан.

Илустрација: Провинцијата Пактика во Авганистан.

Американското Министерство за финансии воведе санкции за командантот на терористичката мрежа Хагани, за која се верува дека е поврзана со Талибанците. Според Владата на САД, водачот на мрежата, Абдул Азиз Абасин е гувернер во сенка во авганистанската област Оргун, во провинцијата Пактика. Тој командувал со борците и водел камп за обука на терористи.
Министерството за финансии, исто така, воведе санкции и за двајца помошници на Абасин. Санкциите предвидуваат замрзнување на финансиските сметки во САД и забрана на американските граѓани да соработуваат со санкционираните.
XS
SM
MD
LG