Достапни линкови

Протести за „забрзување“ на случајот Нешкоски


Продолжија протестите против полициската бруталност. Демонстрантите бараат „забрзување“ на правдата за случајот Нешкоски.

„МВР под истрага, МВР под истрага, МВР под истрага“, скандираа демонстрантите.
Законскиот рок, максимален за вршење истрага е три месеци, истрагата трае повеќе од три месеци, со ова сакаме да ја забрзаме правдата во Македонија

Продолжија протестите против полициската бруталност. На повикот од страна на семејството на загинатиот Мартин Нешкоски се приклучи и Движењето против полициската бруталност, како и граѓаните кои сакаат правдата да биде задоволена. Од Движењето велат дека се одлучиле повторно да протестираат бидејќи, иако помина подолг период, нивниот глас се уште не е слушнат. Тие велат дека протестот е за да се крене глас против нефункционирањето на институциите на системот, против непреземањето одговорност, против бруталноста и полициското насилие во изминатиот период.
x

„Од некои медиуми дознавме дека истрагата е започната, па потоа беше побиена таа информација, па кажаа дека истрагата е проширена. Законскиот рок, максимален за вршење истрага е три месеци, истрагата трае повеќе од три месеци, со ова сакаме да ја забрзаме правдата во Македонија“, вели Воислав Стојановски, еден од организаторите.

Зборното место, како и на минатите протести, беше спомен-куќата на Мајка Тереза на улица Македонија. Потоа поворката се упати кон Собранието. Пред Парламентот со едноминутно молчење му одадоа почит на Мартин и на сите жртви на полициската бруталност во минатото. Демонстрантите потоа протестираа пред Основното јавно обвинителство во зградата на ССМ и пред Основниот суд, а протестот заврши пред Камениот мост.
Мислам, се плашам дека Македонија ќе стане една црна точка во Европа каде што полицијата на најбрутален начин се обидела и релативно успеала да прикрие едно убиство.

Братот на починатото момче, Александар Нешкоски, претходно упати апел дека нема да престанат активностите за барање правда за Мартин. Тој вели дека заднината на целиот случај мора да излезе на виделина. Во писмото што го испрати до медиумите, тој ги повика сите граѓани, без разлика на вера и националност, да излезат на протест и да упатат апел со кој ќе побараат правда за Мартин. Александар Нешкоски е убеден дека расветлувањето на трагичниот настан ќе спречи повторување вакви немили настани во иднина.
x

Мартин почина на 6 јуни на плоштадот Македонија, откако бил претепан од припадник на специјалната едници Тигри. Осомничениот за неговото убиство, Игор Спасов, по три месеци молчење пред неколку денови во судот дал исказ пред истражниот судија.

Специјалецот признал дека неколку пати со нога го удрил Мартин, но тие удари не биле смртоносни. Според него, фатален бил падот на момчето кога во обид да му избега на полицаецот се сопнал на кабел и со лицето удрил на плочникот. Дури потоа следувале неколкуте удари на Спасов за кои и лекарската документација потврдила дека не биле клучни за смртта на Мартин.

За случајот на Мартин Нешкоски и однесувањето на полицијата, стана збор и на заедничкиот состанок на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата зе европски прашања. На случајот се осврна пратеникот Гордан Георгиев од опозицискиот СДСМ.

„Мислам, се плашам дека Македонија ќе стане една црна точка во Европа каде што полицијата на најбрутален начин се обидела и релативно успеала да прикрие едно убиство.“

Протестите против полициската бруталност ќе продолжат, најавија организаторите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG