Достапни линкови

Казахстан ќе воведе ригорозен закон за верските заедници


Казахстанскиот парламент

Казахстанскиот парламент денеска ја одобри мерката за пререгистрација на верските организации. Нацрт законот денеска треба да биде одобрен и од Сенатот. Според измените во законот изградбата на нови верски објекти мора да биде одобрена од локалните власти. Со законот се забрануваат и верски обреди во работно време. Поддржувачите на законот вклучително и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев сметаат дека со новите измени ќе се помогне во борбата со верскиот екстремизам . Претсавниците на ОБСЕ во земјата го критикуваа законот истакнувајќи дека непотребно се органичуваат религиозните права на луѓето и побара да се направи ревизија на законот.
XS
SM
MD
LG