Достапни линкови

Дачиќ: Постојат планови за судири на Геј Парадата во Белград


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека не треба да се оддржи Геј парадата во Белград поради високиот безбедносен ризик. Тој додаде дека доколку се прашува полицијата нема да има парада на гордоста, затоа што, како што вели, подобро би било да е одговорен за нешто што не се оддржало отколку да падне крв на улиците во Белград. Дачиќ изјави дека полицијта има информации за план за подметнување пожари во неколку делови на градот за време на парадата, со цел да се растури полицискиот кордон за потоа да дојде до судири. Тој додаде дека доколку е на местото на организаторот на манифестацијата, веднаш би го откажал настанот од безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG